Честитка од Џафери за Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј
Од име Собранието на Република Северна Македонија и лично, претседателот Талат Џафери упати честитки по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
- Капиталното дело на светите браќа Кирил и Методиј е бесценето наследство за светската наука и култура. Оваа порака која ја испраќам од Светата Столица, каде што ја предводам државно-црковната делегација на Република Северна Македонија на традиционалната манифестација во чест на Свети Кирил, е потврда за тоа дека светите апостоли Кирил и Методиј, претставуваат столбови на културниот образец на Европа и глобалната духовност и се нераскинлива врска помеѓу нас и светот. Нивните дела во кои е вложен многу труд, љубов и посветеност ја надминуваат рамката на време и простор и имаат вековна значајност. Писменоста, јазикот, знаењето, науката и вредноста на зборот се од непроценлива вредност, како за еден народ така и за светот, наведува Џафери во честитката.
Честитки за 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методи, и посакувам, вели претседателот на Собранието Џафери, патот на нашата земја да биде светол како што е и нивното дело.
Ново на Сител
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
-

Ангелов: Активни се два пожара на отворен простор, состојбата со водата во Гостивар се подобрува
-

Левица: 25 години Карпалак - 25 години без правда за бранителите
-

Мисајловски за 25-годишнината од загинувањето на бранителите кај Карпалак: Нивната верба во татковината е наша водилка да продолжиме да ги чуваме националните интереси
-

Земјава повторно на грчката листата на држави со привилегиран даночен режим
