-->
-->
Червар: Не очекува уште еден тежок дуел
-->

Македонскиот ракометен вицешампион Металург во претходното коло постигна важна победа на гости кај Елверум и со шест бодови ја надмина бројката на освоеми бодови од ланската сезона.
Тренерот на Металург Лино Червар за новиот предизвик на неговата екипа дуелот во недела со Татран Прешов на денешниот прес напомена:
- Тоа е сериозен ривал, од кого загубивме на првиот дуел во Словачка, иако имавме добар старт и водство. Не изненадија со одбраната 4-2, но очекувам пак да играат 6-0 со нивните високи играчи во зоната. Ние морама да ја подобриме играта во одбрана, Како што видовте сменувме нешто во играта и постигнуваме многу голови. Воедно играме атрактивно и агресивно, Металург има „нова приказна“. Ова што го играме е дел од тоа што ќе треба да биде и настапот на репрезентацијата. Но, најважно од се ако сакаме победа мора да мислиме на колективната игра, на тимот.
Ново име во тимот на Металург е Вања Илиќ, кој во текот на сезоната дојде во редовите на клубот од Автокоманда.
- Два тешки дуели се зад нас. Татран Прешов е незгоден ривал и мораме 60 минути да играме концентрирано имаме шанса за победа и се надевам дека публиката ќе се израдува на триумф.
На пресот тренерот Лино Червар напомена дека состојбата со повредените е неизвесна. Мартин Велковски се повреди на дуелот со Вардар во вторникот, додека Марко Нелоски вчера тренирал со тимот не неговиот настап е неизвесен. Секако отсуството на двајцата ја намалува ротацијата на надворешната линија, сепак Червар истакна дека до недела кога се игра дуелот има и доволно време некој од нив да биде на располагање.
Натпреварот се игра во ВИП Арената на СЦ „Борис Трајковски“ со поечток во 17:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
