-->
-->
Червар: Ќе се обидеме да го надмудриме тимот на Горење
-->

Тренерот на Металург Лино Червар е претпазлив пред утрешниот дуел со Горење од Велење во рамките на регионалната СЕХА лига.
- За нас Горење е незгоден противник, бидејќи покрај одбраната имаат и брза транзиција и на првиот натпревар ни правеа многу проблеми со брзите контри и полуконтри. Играат со таква динамика што нема да биде лесно. Ќе мораме да најдеме решение за тоа. Тие се фаворити на хартија, но ние ќе се обидеме да го решиме проблемот со нивната одбрана. Тоа ќе биде интересен натпревар. За нас дополнителен проблем се казната на Жарко Пешевски, кој нема да може да настапи на оваа средба, како и повредата на Марко Нелоски, кој има хематом на коленото. Тоа значи дека нема да бидеме комплетни, изјави Червар на денешната прес-конференција.
Фаворитската улога на словенечкиот тим ја препушта и бекот Немања Обрадовиќ.
- Сигурно е дека тие се фаворити, нам ни преостанува добро да се подготвиме и да ги анализираме. Сега сме можеби покомплетни од оној прв натпревар во Велење. Верувам дека со помош на публиката можеме да им направиме проблеми и да им земеме бодови. Се надева дека публиката ќе дојде во голем број да ни даде поголем мотив за овој последен натпревар во Скопје, рече Обрадовиќ.
Натпреварот Металург – Горење Велење ќе се одигра утре со почеток во 17 часот и 45 минути во СЦ „Борис Трајковски“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
-

МВР дел од меѓународна операција за сузбивање онлајн-измами и перење пари координирана од Интерпол
-

Андоновски: Реализирано ветувањето за Центар за услуги во Прилеп
