Челик: ЕУ не исполни ниту едно ветување

Турскиот министер за европски прашања Јомер Челик во интервју за австрискиот неделник „Профилџ“ ги критикува „двојните стандарди“ на Европска унија.
- Турција преживеа еден обид за пуч, поминува низ тешко време, но ЕУ до сега не покажа солидарност, истакна Челик.
Тој наведе и дека ЕУ не се придржува до ниту еден договор со Турција.
- Ние снабдуваме три милиони бегалци од Сирија, а ниту една земја членка на ЕУ не сака да прими ниту 3.000, а нас ни држат лекции за човекови права, истакна Челик.
Тој додаде дека е лага да се тврди оти Турција набрзо ќе ги испрати мигрантите во правец на Европа.
Челик ги демантираше и тврдењата дека постои план за враќање на смртната казна во Турција.
Турскиот министер за европски прашања посебно се пожали на „непријатното однесување“ на шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц кон неговата држава.
- Тој не ја врши својата работа како што треба. Курц дејствува како да живее во Австро-унгарската монархија, обвини Челик.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
