Македонија
17. December 2017 - 14:30

Центар утре без вода

Корисниците на бул. „Кочо Рацин“ бр.17 во населба Центар, утре ќе останат без вода, информира РЦУК.

По добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“, поради промена на вентил на бул. „Кочо Рацин“ број 17, прекинато ќе биде водоснабдувањето за корисниците на дел од тој булевар од 09:00 часот до завршување на работите.