Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
И покрај ризиците за зголемена инфлација поради поскапувањето на горивата, Народната банка се уште не ја затега монетарната политика. Извршниот одбор на банката утрово одлучил да не ја менува основната каматна стапка на благајничките записи и таа останува на нивото од 4%.
Тоа значи дека Народната банка нема да им понуди повеќе пари на комерцијалните банки за нивните депозити што ќе остави простор, тие средства банките да ги насочат кон бизнисот. Гувернерот признава дека поскапото гориво врши притисок но како што рече, монетарната политика мора да најде баланс и истовремено да одржи ниска инфлација но и да не биде премногу рестриктивна за бизнисот
Народната банка проектираше инфлација од 2,5% на годишно ниво, а Славески вели дека ако конфликтот потрае, за очекување се нагорни корекции.
Тој информираше дека во моментов располагаме со највисоко ниво на државни резерви и дека сме подготвени да одговориме при евентуални ризици по курсот на денарот.
За Владата главен притисок и натаму останува отплаќањето на старите долгови, но Министерката за финансии уверува дека буџетот е стабилен и дека нема проблеми со исплата на платите, пензиите и редовните обврски. Сепак и таа признава дека инфлацијата ќе биде предизвик ова лето а одлуката минималната плата да не се зголеми за 200 евра како што бараше синдикатот, според неа е среќна околност.
Државниот завод за статистика пресмета 2,9% годишна инфлација во Февруари. Проценките велат дека на секои 10% раст на цените на горивата инфлацијата забрзува за 0,4 поени. Од почетокот на март дизелот е поскап за над 34%.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
