Македонија
8. August 2026 - 16:41

Цела Македонија во портокалова фаза

Пет минути на скопски аслфалт и веќе барате начин да стигнте до првата сенка. Фонтани климатизирани простории, ладовина под дрвјата – секој со свој рецепт против жештината. 

А температурите не попуштаат. Денес до 39 степени, а од среда термометарот може да покаже и 40. Цела Македонија е во портокалова фаза, па екипата на Сител излезе на терен за да провери како изгледа Скопје кога температури се високи. Околу пладне градот беше доста раздвижен. Некои со автомобили, некои пеш, трети на тротинет излегле од дома да ги завршат саботните обврски.  

Во моменти како денешниот, кога и краткото одење по улица станува напор, прашавме како скопјани ја преживуваат оваа жештина?

И дигиталните термометри покажаа високи бројки. Оние кои се директно изложени на сонце измерија 44 степени, а оние под сенка плус 35. Синоптичарите велат топлото време ќе се задржи и следната недела кога делови од Македонија ќе бидат и во црвена фаза.

Веќе во вторник и среда очекуваме и дневната температура да го достигне, а долж Повардарието и да го надмине 40 степен. Температурите се над просекот за оваа втора декада од август, изјави Јулијана Фидановска Мискоска, УХМР. И во текот на утрешниот ден ќе имаме попладневна локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.