Царинската управа доби уште едно куче трагач кое ќе открива наркотици, оружје и пари
Делегација на Царинска управа предводена од директорот Стефан Богоев и заменик директорот Муарем Асани присуствувале на последниот дел од обуката на царинско куче донирано и обучувано од страна на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Со ова, Царинската управа располага со пет кучиња трагачи кои на царинските службеници им го олеснуваат секојдневното работење и учествуваат во повеќе успешни откривачки акции.

Кучето од расата лабрадор (црвена лисица), како што информираат од Царина, успешно ја завршило специјализираната обука за откривање на пари, дрога и оружје.
Директорот на Царинската управа присуствувал и на практичната вежба на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, каде било демонстрирано откривање на недозволена трговија од страна на мобилните тимови со помош на царинските кучиња во реални услови.

Богоев изразил благодарност до Германското друштво за меѓународна соработка за досегашната поддршка и истакнал дека Царинската управа е подготвена за понатамошно интензивирање на соработката во овој домен бидејќи благодарение на исклучителните способности на кучињата трагачи покрај што им се олеснува работата на цариниците, значително се подобруваат и резултатите при спречување на шверц и недозволена трговија.

- Сузбивањето на организираниот криминал и сивата економија е еден од клучните приоритети на Царинската управа. Во оваа борба царинските кучиња се од особена важност и успешно се користат при спречувањето на нелегален транспорт на наркотици, оружје и пари, се наведува во соопштението од Царинската управа.
Ново на Сител
-

21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
-

Напаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам
-

Во Сараево евакуирани два трговски центра поради дојава за поставени бомби
-

МВР демантира: Има доволно обрасци за возачки дозволи за наредните три години
-

Чеферин во Скопје: УЕФА со силна поддршка за македонскиот фудбал
-

Лековите за Алцхајмерова болест „не прават никаква значајна разлика за пациентите“, според научници
-

Кампања на РСБСП - Безбедно на мотоциклите
-

Кривична за поранешен градоначалник на Делчево за „злоупотреба на службената положба и овластување“
