Бугарско МНР: Бугарија го потврди својот став за Република Македонија
Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи работи во Луксембург, притоа останувајќи отворена за конструктивен дијалог со претстојното словенечко претседателство со Советот на ЕУ за изнаоѓање заемно прифатливи решенија.
Бугарија беше претставена на состанокот на Советот од заменик министерот за надворешни работи на земјата Румен Александров. За време на разговорите се разговараше за моменталната состојба во процесот на проширување на ЕУ, објави бугарското Министерство за надворешни работи.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот заменик министер Александров изјави дека Бугарија продолжува со консултациите со Македонија за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство. Тоа е конструктивно и добронамерно, но, вели, очекуваме Република Македонија да започне во пракса да ги спроведува преземените обврски на високо ниво на 17 јуни 2021 година во Софија, што ќе ни овозможи да се движиме во позитивна насока.
-Ова вклучува експлицитно откажување на Република Македонија од територијални, малцински и историски претензии кон Бугарија, промена на натписи / споменици кои создаваат омраза кон Бугарија во Република Македонија, активирање на процес на рехабилитација на жртвите на Југославенскиот комунизам поради бугарска самосвест. Без оглед на нашиот билатерален дијалог со Република Македонија, Бугарија инсистира на тоа спроведувањето на Договорот за добрососедство од страна на Република Македонија да биде вклучено меѓу условите во идната рамка за преговори за пристапување на Скопје во ЕУ, изјави Александров.
Бугарија ги пофали достигнувањата на Албанија во реформскиот процес и ја потврди својата поддршка за усвојување на рамката за преговори за оваа балканска земја.
Ново на Сител
-

Иран: Ќе дозволиме премин низ Ормуската Теснина по војната само во согласност со протоколите
-

Трамп: Иран штотуку нè информираше дека се наоѓа во состојба на колапс
-

Уапсен 89-годшниот кој претпладнево со огнено оружје повреди пет лица во Службата за социјално осигурување и во суд во Атина
-

Доживотна казна затвор за Денис Асанов која ја уби штипјанката Борјанка Николова
-

Оштетени станари во Гостивар, фирма без лиценца им наплатила 208.500 денари за реновирање на зградата
-

Приведени 10 возачи, седум возеле без дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол
-

Либертис: Слободата на медиумите низ ЕУ е под постојан напад
-

Гроси: Ризикот од нуклеарна катастрофа на нивоата од Студената војна
