Бугарскиот парламент ќе расправа за францускиот предлог
Народното собрание на Бугарија денеска како прва точка од дневниот ред ќе расправа за усвојувањето одлука со која се одобрува предлогот на француското претседателство со ЕУ за преговарачка рамка за Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Софија.
Повеќе од три и пол часа членовите на парламентарната Комисија за надворешни работи синоќа дебатираа за трите предложени решенија. Не успеаја да ги спојат предлозите во еден, но го поддржаа предлогот на Демократска Бугарија и Христо Иванов.
Главниот аргумент на владејачката Продолжуваме со промената да не ги поддржи другите две предлог-одлуки е да нема шпекулации дека гласале заедно со ГЕРБ и Движењето за права и слободи.
Има таков народ, БСП и Преродба рекоа дека нема да ја поддржат одлуката бидејќи се разликува од она што досега го усвои бугарскиот Парламент.
Ново на Сител
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
-

Македонскиот парламент одбележа 35 години од независноста на Украина
