-->
-->
Бугарската влада ја започна седницата со едноминутно молчење
-->
На денот на национална жалост, седницата на преодната влада на Бугарија започна со едноминутно молчење, јави дописникот на МИА од Софија.
Премиерот на Бугарија Стефан Јанев соопшти дека ова е денот кога се сеќаваме на жртвите – девет бугарски државјани кои загинаа во пожарот во домот за стари лица во селото Ројак, Варна и државјаните на Република Македонија кои загинаа во автобуската несреќа на автопатот Струма.
-Во време на тешкотија, да го изразиме нашето сочувство за членовите на семејствата и роднините на жртвите, кажа Јанев.
Знамињата на државните институции, вклучително и пред зградата на Советот на министри на Бугарија, се спуштени на половина, во чест на жртвите од селото Ројак и од автопатот Струма.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
