Бугарија од ЕУ добила 220 милиони евра за справување со бегалците

За справување со проблемот со бегалскиот прилив и за заштита на своите граници, Бугарија досега од Европската комисија доби вкупна помош во износ од 220 милиони евра, соопшти денеска бугарската министерка за внатрешни работи Румјана Бачварова.
Како што јави БТА, таа нагласи дека оваа помош досега е без преседан во европската пракса и дека таа и овозможува на Вугарија да ги зајакне и модернизира силите за заштота на границите,
- Тоа е исклучителен гест и израз на разбирање од страна на Европа и јасен доказ на европската солидарност, нагласи Бачварова на прес-конференција во Софија.
Покрај финансиската помош, ЕУ во Бугарија испрати и 150 припадници на Агенцијата за заштита на надвирешните граници на ЕУ - Фронтекс, кои им помагаат на бугарските сили во контрола на границата на земјата кон Турција и Србија.
Во меѓу време, Европската комисија денеска соопшти дека оваа недела Бугарија презела шестмина мигранти, врз основа на квотите на ЕУ за прераспределба на бегалците меѓу земјите членки. Станува збор, за шест мигранти, кои пристигнале е од бегалси камп од Грција.
Согласно утврдените квоти, Бугарија треба да прими 831 мигрант од Грција и 471 од Италија.
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
