Македонија
28. November 2023 - 8:26

Бугарија го отвори небото за рускиот владин авион да слета во Скопје на конференцијата на ОБСЕ

Синоќа се реши едно од најголемите прашања поврзани со учесниците на ОБСЕ, откако Бугарија го отвори небото за рускиот владин авион, со што потврдено е доаѓањето на рускиот шеф Сергеј Лавров во Скопје.

Информацијата ја потврди амбасадорката на Руската Федерација во Софија, Елеонора Митрофанова.

„Добивме позитивен одговор на нашата нота за летот на авионот на Лавров низ бугарскиот воздушен простор. Бугарското Министерство за надворешни работи официјално нè информираше дека на нашиот министер му е дозволена да лета низ воздушниот простор над земјата“, изјави Митрофанова за руската агенција ТАСС.

Претходно таквата можност за ја посочи и самиот Лавров.