Буџетот на Тетово за 2017 околу 33 милиони евра

Над две милијарди и 31 милион денари или околу 33 милиони евра ќе изнесува буџетот на општина Тетово за 2017 та година што денеска беше усвоен од страна на советниците на нивната 44 седница. Образложение за буџетот и одлуката за негово извршување во следната година даде раководителската на финасискиот сектор во општина Тетово Ермира Фида.
-Буџетот за следната година е повисок од овогодинешниот за 4,3 отсто. Пред се поради зголемување на донации односно ИПА прокетите во висина од околу 31 милион денари, Еразмус програмата за средните училишта и слично. Бидејќи имаше намалување на донациите за превоз во средните училишта ние предвидовме дополнителни 10 милиони денари од општинските средств за оваа намена, а исто така 600 илјади денари наменети за организирање на новогодишна прослава се пренаменети за обнова на основното училиште Лирија во Тетово, изјави Фида.
Во остатокот од седницата советниците ја усвоија локалната стратегија за заштита од ХИВ во периодот 2016 - 2020 година како и предлог стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието на подрачјето на целата општина. Во областа на урабнизмот и комуналните дејности беше усвоена предлог-програмата за уредување на градежно земјиште и комунални дејности на општина Тетово за 2017 година во висина од околу 614 милиони денари додека во пакет советниците изгласаа повеќе предлог одлуки за проширување на урбанистичко планската докуманетција за легализирање на бесправно изградени објекти во градот и селата во рамките на општина Тетово.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
