Британскиот Парламент решава за предвремените избори на 8 јуни

Пратениците во британскиот Парламент денеска ќе рашават за предлогот на премиерката Тереза Меј за одржување на предвремени парламентрани избори за 8 јуни.
Според законот за избори, на Меј и е неопходна подршката на две третини од пратеничкиот состав за да таа може и формално да ги распише изборите за нов состав на Парламентот.
Двотретинското мнозинство се верува дека лесно ќе биде постигнато, затоа што досега ниту една партија јавно не се огласи против одржувањето предвремени избори.
Претходните, редовни избори се одржаа во мај 2015 година и на нив тогашниот лидер на Конзервативната партија Дејвид Камерон обезбеди втор мандат за себе и за својата партија.
По неговата оставка по референдумот за ЕУ од 23 јуни минатата година, Тереза Меј, која тогаш беше министер за внатрешни работи, беше назначена од партијата за негов наследник, без да го помине редовниот процес на партиски избори.
Од почетокот на јули 2016 година, Меј како нов премиер, практично, само го одработува мандатот што го обезбеди Камерон, кој можеше да трае до одржувањето на редовните избори во мај 2020 година.
Од нејзиното влегување во Даунинг стрит 10, Меј тврдеше дека нема да има избори во Велика Британија во следните три години, што го оправдуваше со потребата од „целосното мобилизирање на Владата и на земјата“ за успешното спроведување на преговорите со ЕУ за Брегзит.
Во вчерашното свое обраќање, меѓутоа, таа го правдаше решението за предвремени избори со процесот за истапување на Велика Британија од ЕУ, објаснувајќи дека по референдумот на земјата и се потребни „сигурност и стабилност“, што, според неа, може да се обезбедаат само со нови избри.
Лидерот на главната опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин изјави дека лабуристите се подготвени и дека ќе „атакуваат на победа“.
Поранешниот лидер на Шкотската национална партија (СНП)м Алекс Салмонд , пак, смета дека решението за избори е донесено „само за да се капитализира големата слабост на лабуристите“ и за да се обезбеди подршка за „тврд“ Брегзит и за свртувањето на државата „уште повеќе в десно“.
Последните испитувња на јавното мислење покажуваат дека Тереза Меј ќе обезбеди уверлива победа на 8 јуни, затоа што владејачките конзерватици имаат голема предност од над 20 отсто пред лабуристите, за кои се прогнозира дека ќе доживеат тежок пораз.
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
