Британската банка ХСБЦ отпушта 35.000 вработени

Британската банка ХСБЦ објави дека ќе затвори околу 35.000 работни места и соопшти дека нејзиниот профит во 2019 година опаднал за 33 проценти.
Во изјавата на ХСБЦ се вели дека целта е да се намалат оперативните трошоци за 4,5 милијарди американски долари (3,5 милијарди фунти) до 2022 година, како дел од најголемото реструктуирање на банките и да се намалат средствата за 100 милијарди долари, јави Би-Си.
Ноел Квин, привремен генерален директор, рече дека ХСБЦ ќе го намали персоналот од 235,000 на околу 200.000 во текот на следните три години.
Банката, која генерира најголем дел од своите приходи во Азија, објави дека нејзината годишна добивка пред оданочување била 13,35 милијарди американски долари (10,3 милијарди фунти).
Падот на профитот главно се должи на нејзините инвестиции и комерцијалното банкарско работење во Европа и дека отпишала 7,3 милијарди американски долари во глобалното банкарство и на пазарот и на трговското работење на Стариот континент.
На деловниот резултат влијаело и пролонгираното повлекување на Велика Британија од ЕУ, историски ниски каматни стапки ширум светот, како и избувнувањето на епидемијата на коронавирусот.
ХСБЦ во моментов работи во повеќе од 50 земји низ Северна Америка, Европа, Блискиот исток и Азија. Седиштето во Велика Британија вработува повеќе од 40 000 луѓе.
Најавеното отпуштање од 35.000 работници е повисоко од очекуваното и претставува околу 15 проценти од работната сила.
Ново на Сител
-

Филипче со нов повик до Мицкоски: Уставните измени да ги направиме заедно и да споделиме одговорност
-

Утре прва официјална средба Муцунски-Чамова
-

Европските пари ги судрија математиките на власта и опозицијата
-

Случајот „Мазут“ на повторно разгледување по жалбата на ЕСМ
-

Власта го помина новиот заем во Комисијата за финасирање и буџет - СДСМ се повлече од работата, најави интерпелација за Гаши
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
