Брегу: Западен Балкан треба да биде геополитички приоритет на ЕУ

Западен Балкан треба да биде геополитички приоритет на Европската унија. Од друга страна и регионот треба да се надмине себе си во настојувањето да стане квалитетен партнер во процесот на проширувањето, изјави денеска генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу, на состанок на Работната група на ЕУ за Западен Балкан и Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Како што наведуваат во соопштението, на неформалниот состанок одржан во Сараево и свикан од Романија, која е претседавач со ЕУ и БиХ, која е претседавач со Процесот за соработка, Брегу истакна дека регионалната соработка е најважното достигнување на Западен Балкан и досега се оствариле две корисни работи.
-Тоа е стабилноста, иако често е претерано користена, но и натаму е клучен збор за регионот и ‘Регионалниот економски простор’, кој носи различни практични предности што се одразуваат во секојдневниот живот на граѓаните, рече Брегу.
За тоа дека тој регионален економски простор и соработка носи полза, се согласуваат 72 отсто од граѓаните на Западен Балкан, подвлече Брегу, додавајќи дека претстои и натаму долг пат со многу предизвици, како таа соработка да се продлабочи. Таа додаде дека факт е, и дека проширувањето на ЕУ има големо влијание во регионот на Западен Балкан.
На состанокот во Сараево учествуваа политичките директори на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и претставници на земјите членки на ЕУ, а се разгледувале начините како најдобро да се искористи досегашната структура и достигнувања во регионалната соработка во ЈИЕ, во светло на процесот на европските и евроатлантските интеграции.
Ново на Сител
-

СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден во која загина едно лице
-

Приведен 43-годишник од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква
-

Кривична за 30-годишник од Скопје, ја следел неговата поранешна девојка до нејзиниот стан и упатувал закани кон неа
-

Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат, тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија
-

Воздухопловниот ВИНГ го одбележа Денот на единицата со прелети на армиски и сојузнички воздухоплови | ФОТО
-

Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
