Бред Пит скршен: Емотивна прва средба со децата

Помина речиси еден месец откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод на бракот и му забрани на својот поранешен сопруг да ги гледа нивните деца.
Холивудскиот актер конечно имаше можност за средба со своите најмили, но секако согласно договоро под надзор на стручно лице.
Деталите кои ги пренесуваат светските медиуми откриваат дека средбата била подеднакво емотивна и за Пит и за децата. Првата средба по речиси еден месец поминала во солзи.
– Солзи му навираа на очите, а тој се обидуваше да се воздржи пред децата, рекол извор кој го цитираат медиумите.

Бред Пит сакал што поскоро да постигне договор со Анџелина која сега го има целосното старателство на децата. Тој веќе се подлегнал и на низа тестови за да покаже дека нема никакви пороци. Одлуката за посета под надзор на стручно лице следуваше по обвинувањата дека Пит се обидел во алкохолизирана состојба да го претепа синот Медокс.
Анџелина и Бред беа во брак две години, а претходно во врска цели 12. Родители се на шест деца.
Ново на Сител
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на Еlena Luka Home - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
