Бразилец тренер на Чикаго Булс

Бразилскиот кошаркарски тренер Тиаго Сплитер ќе биде нов тренер на поранешниот НБА шампион Чикаго Булс. Сплитер изминатава сезона ја мина како тренер на Портланд и избори плеј оф со биланс 42-40 (победи/порази). Во плејофот неговата екипа беше елиминирана во првото коло од финалистот Сан Антонио. Сплитер е првиот бразилски кошаркар во НБА лигата што ја освои шампионската титула со Сан Антонио во 2014 година.
Тој на позицијата тренер во Портланд го замени Чонси Билапс, кој доби суспензија поради вмешаност во илегално обложување.
Играчката кариера ја заврши поради здравствени проблеми во 2018 година, а како помошен тренер има работено во Бруклин и Хјустон. Во сезоната 2024/25 го водеше тимот на Париз, кога за оваа екипа настапуваше Американецот со македонски пасош Ти Џеј Шортс и ја освои двојната круна.
Тимот на Чикаго Булс четврта сезона по ред е без пласман во плеј офот, а сезонава ја заврши со скор 31-51.
МИА
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
