Бразил нареди итно суспендирање на апликацијата „Х“ - Казната за обид за пристап до мрежата е 8.874 долари

Бразил е најновата земја што ја забрани платформата „X“ – забраната стапи на сила на 31 август – откако Илон Маск одби да назначи правен застапник поради тековниот спор со бразилската влада.
Бразилскиот судија Александар де Мораеш ја обвини платформата на Маск дека се користи за ширење на клеветнички лажни вести, а забраната ќе остане во сила додека сопственикот на „X“ не се усогласи.
Сега жителите на Бразил ќе бидат забранети од платформата и ќе се соочат со огромни казни доколку бидат фатени како користат VPN за да ја заобиколат забраната.
Бразилскиот јавен обвинител Хорхе Месијас лично сподели изјава на „X“ за забраната, инсистирајќи дека потребата од „регулирање“ на социјалните мрежи е „итна“.
„Не можеме да живееме во општество каде милијардерите кои живеат во странство имаат контрола врз социјалните мрежи и се ставаат во позиција да го прекршат владеењето на правото, да не ги почитуваат судските наредби и да им се закануваат на нашите власти“, сподели тој.
Сепак, Маск јасно го кажа својот став по ова прашање: нарекувајќи го Де Мораеш „бразилски Волдемор“ и изјавувајќи дека забраната е директна цензура и сузбивање на слободата на говорот.
Извршниот директор на Тесла почна да „дивее“ по забраната, постојано објавувајќи за Бразил и Де Мораеш на X и повикувајќи на крај на „репресивниот режим“.
Во еден момент, Маск ја ретвитна објавата истакнувајќи дека потенцијалните казни за граѓаните кои пристапуваат до „X“ во Бразил се „над 528% повеќе од нивниот месечен приход“.
„Угнетувачкиот режим во Бразил толку се плаши од луѓето да ја дознаат вистината што ќе го банкротира секој што ќе се обиде“, рече Маск.
Засега, останува нејасно како Врховниот суд на Бразил има намера да ги открие VPN-ите што се користат за пристап до „X“ и како тие казни ќе се спроведуваат.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
