Живот
30. November 2015 - 10:08

Божикна реклама на германски трговски ланец ја освои Европа

Еден германски трговски ланец ја објави првата божикна реклама, од која би можело да се извлечат важни пораки.

Рекламата говори за еден старец кој очекува дека за Божик ќе го посетат децата и внуците, но тие јавуваат дека оваа година нема да дојдат поради обврски и ветуваат дека сигурно ќе дојдат за следниот Божик.

Потоа во следниот кадар, старецот седи сам натажен на празничната трпеза, по што следува заплетот.

Тој смислува начин како за Божик неговата куќа ќе биде полна...

Рекламата расплака многумина, а некои признаваат дека од неа извлелкле одлична поука: „Божик е празник кој треба да го поминуваме со оние кои најмногу ги сакаме“.

https://