-->
-->
Бошњаковски: Материјално обезбедени уште 1.600 стечајци
-->
Уште 1.600 стечајци ќе добијат материјално обезбедување со најновите законски измени што поминаа вчера на владина седница.Како што соопшти денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, опфатени со Законот ќе бидат вкупно 7.840 лица од оваа категорија граѓани, а до овој момент 6.240 се материјално обезбедени.
- Во два наврата донесовме Закон за конечно решавање на децениските проблеми на стечајците. Со вчерашната одлука на Владата се овозможува дополнително обезбедување на 1.600 невработени лица од оваа категорија наши сограѓани. Тие со децении имаат проблем да се социјализираат по она што се случи во минатото. Конечната бројка на стечајни работници што ќе бидат згрижени ќе изнесува 7.840, нагласи Бошњаковски.
Во врска со владината одлука за комунална депонија во општина Кичево за која АД ЕЛЕМ треба да обезбеди место, Бошњаковски потенцира дека ова е само времено решение.
- Станува збор за времено решение. Општина Кичево се соочува со сериозни проблеми од аспект на депонија. Владата вчера го задолжи АД ЕЛЕМ да обезбеди место за времено складирање на комуналниот отпад на една од локациите на ископот на термоелектричната централа Осломеј Кичево. Ова е времено решение, Владата секогаш излегува во пресрет кога општините имаат одредени специфични проблеми, објасни портпаролот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
-

Г. Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и предадеме на младите поколенија
