Борисов: Генерации млади Македонци и Албанци во моментов ја мразат Бугарија
Лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов синоќа од состанокот на Европската народна партија (ЕПП) во Љубљана, упати остро критики кон претседателот на Бугарија, Румен Радев и привремената Влада што тој ја назначи, јави дописникот на МИА од Софија.
Според поранешниот бугарски премиер, пропуштени се многу месеци и многу време, а во исто време е создадена „голема тензија во Северна Македонија, во Албанија и во целата ЕУ против Бугарија.
– Бугарија пропушти многу месеци да ја објасни својата позиција, изјави Борисов, додавајќи дека „генерации млади Македонци и Албанци во моментов ја мразат Бугарија“. Борисов е категоричен дека мора и може да се направи компромис.
Според него, на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан Радев „уште еднаш ќе излаже“.
– Тој секогаш ветуваше дека ќе се реши прашањето по изборите, но по кои избори? Тогаш тоа нема да зависи од него, туку од политичките партии што ќе владеат, додаде Борисов.
Тој потсети дека кога беше премиер беше потпишан Договорот за добрососедство и само за 15-20 минути Бугарија и Северна Македонија добија честитки од сите страни.
– Сега диктаторот Радев мора да ја донесува својата одлука и да престанува да залажува дека ќе го реши прашањето по изборите. Ние добро ја браневме и објаснивме нашата позиција, па затоа го потпишавме Договорот за добрососедство. Но, да бидеме оптимисти. Можеби и ќенајде храброст. Може еднаш да преземе одговорност и да не се крие под здолништата на политичките партии, рече Борисов.
Ново на Сител
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
-

Електричен тротинет да управуваат само полнолетни лица - Владата предлага построги правила
-

Вработени на ЈУ Националан парк „Пелистер“ спасија срнче на планината Баба
-

Синдром на „златно дете“: Како родителското фаворизирање остава невидливи лузни
-

Гутереш: Адаптацијата кон климатските промени мора да биде главен приоритет на владите
-

Кибер-криминалците бараат стотици илјади евра откуп, Германија главна цел во ЕУ
-

ЦУК: Со поддршка од НАТО, започнува модернизација на системот за управување со кризи
-

Кривични против сопствениците и управителите на две фирми, незаконски се стекнале со над 50 милиони денари
