Борел: На ЕУ и се неопходни сили за брза реакција
Владите на ЕУ мора да работат на создавање европски сили за брза реакција за да бидат подобро подготвени за идните кризи како онаа во Авганистан, изјави високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел.
Во интервју објавено денеска, Борел за италијанскиот весник Кориере дела Сера рече дека повлекувањето на американската војска од Авганистан по брза постапка, бидејќи безбедноста опадна, покажа дека ЕУ мора да ги засили напорите за изградба на заедничка одбранбена политика.
– Мораме да извлечеме поуки од ова искуство … како Европејци не можевме да испратиме 6.000 војници на аеродромот во Кабул за да ја обезбедат областа. САД можеа, а ние не, нагласи тој.
Борел додаде дека ЕУ со 27 земји-членки треба да има „иницијална почетна сила“ од 5.000 војници. „Треба брзо да реагираме“.
Во мај, 14 земји на ЕУ, вклучително и Германија и Франција, предложија создавање таква армија, со можни бродови и авиони, за да им помогнат на странските демократски влади на кои им е потребна итна помош.
Ново на Сител
-

Кина повика на зачувување на безбедноста во Ормускиот теснец
-

Денеска средба Трамп-Мерц во Вашингтон
-

Почуствуван земјотрес во Тетово
-

Сончево и свежо утро, максимална температура до 20 степени
-

Рубио: Нападите на Вашингтон врз Иран се проактивна мерка за заштита на САД
-

Приведен 46-годишен турски државјанин, во патничко возило превезувал пет лица мигранти
-

Нетанјаху: Војната против Иран нема да трае со години, но ќе потрае „извесно време“
-

Трамп: САД имаат неограничени резерви на оружје, подготвени сме за голема победа
