-->
-->
Борел и Вархеји денеска и утре во Црна Гора
-->

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, денеска ја започнуваат дводневната посета на Црна Гора каде што ќе учествуваат на седницата на Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Црна Гора и ќе разговараат со највисоките државни функционери.
Посетата ќе биде можност да се разгледаат билатералните односи меѓу ЕУ и Црна Гора во согласност со Спогодбата за стабилизација и асоцијација и да се разговара за последните случувања во Црна Гора и Западен Балкан, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).
Борел денеска во Подгорица ќе претседава со 11-от Совет за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Црна Гора. Црна Гора ќе ја претставува премиерот Дритан Абазовиќ, а Европската комисија ќе ја претставува комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.
По Советот, Борел, Вархеји и Абазовиќ ќе одржат заедничка прес-конференција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
