Борел и Ленарчич во Анкара во обид да ги смират тензиите со Ердоган

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел и комесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, денес и утре ќе престојуваат во Анкара каде ќе разговараат со високи владини претставници, но средба со претседателот Ердоган не е предвидена.
По заканите на Реџеп Таип Ердоган дека ќе “пушти“ милиони сириски бегалци од Турција кон границите на ЕУ, хаосот на турско-грчката граница не стивнува.
Борел и Ленарчич овие два дена во Анкара ќе “одржат разговори за ескалацијата во северноисточната сириска провинција Идлиб и хуманитарните последици за цивилното население на терен како и ситуацијата на сириските бегалци во Турција“, стои во официјалното соопштение на ЕУ.
По бегалскиот бран во 2015, ЕУ и Турција склучија договор според кој Анкара прифаќа да ги задржи сириските бегалци на своја територија во замена за финансиска помош од ЕУ наменета за бегалците.
Но, по бомбардирањата на режимот на Башар Ал Асад и неговиот руски сојузник врз Идлиб, нов бран на бегалци и се заканува на Турција. Ердоган најави дека ќе ги пушти бегалците кон ЕУ и покрај склучениот договор со Унијата.
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
