Бојко Борисов во седиштето на ГЕРБ го прими еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи
Поранешниот бугарски премиер и лидер на најсилната политичка сила во земјата – ГЕРБ, Бојко Борисов, во седиштето на партијата во Софија, се сретна со евокомесарот за проширување Оливер Вархеи.
Како што јави дописникот на МИА од Софија за време на средбата Борисов ја истакна клучната улога на Бугарија во враќањето на темата за европска интеграција на Западен Балкан во агендата на ЕУ. Лидерот на партијата која 11 години владееше во Бугарија потенцира дека европската иднина на овој стратешки регион е гаранција за мир и просперитет, како и превенција против влијанието на другите сили.
Борисов истакна дека Европа мора да продолжи да работи активно на темата европска интеграција на Република Северна Македонија и Албанија, имајќи ги предвид позициите на секоја земја.
Борисов и Вархеи разговараа и за проширувањето на транспортната и дигитална инфраструктура на земјите во регионот на Западен Балкан.
-Убеден сум дека оваа инфраструктура е еден од факторите за одржлив развој на сите земји. Затоа, за време на бугарското претседателство со ЕУ, како и во рамките на Берлинскиот процес, ние се фокусиравме на поврзаноста. Создавањето услови за економски просперитет придонесува и за развој и добрососедски односи. Важно е да не се запре работата на специфични инвестициски проекти за регионална инфраструктура од областа на енергетиката, транспортот и слично, бидејќи тие го подобруваат животот на граѓаните, рече Борисов.
Поранешниот премиер на Бугарија го потенцираше Коридорот 8 и коментираше дека тој е од интерес за целиот регион и за европската безбедност е целокупната изградба на Коридорот 8, што ќе овозможи поврзување на Црното Море со Јадранското Море. Борисов додаде дека Бугарија е на раскрсница на Балканот и затоа ќе биде корисно не само за неа, туку и за целата ЕУ да гради гасни интерконекции во регионот со соседните земји. Тие ќе придонесат за безбедноста и диверзификацијата на снабдувањето со енергија во Европа.
Ново на Сител
-

Биланс на двата земјотреса во Венецуела: Речиси 3.000 мртви и над 16.500 повредени, 50.000 лица се водат за исчезнати
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола
-

Возобновеното полициско училиште ќе прими 200 ученици, од МВР очекуваат силна конкуренција за првата генерација во „7 Мај“
-

Трамп во говорот на 250-годишнината од независноста на САД: Оваа земја е дом на слободата
-

Објавена нова листа на најмоќни пасоши во светот: Македонија на 78-место
-

Пожар во трговски центар за овошје, зеленчук и цвеќе во германскиот град Штутгарт
-

Муцунски во официјална посета на Катар
-

СП 2026: Мароко прв четвртфиналист
