Богоев: Казни за вселување во згради без технички прием
Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев денеска најави дека ќе се казнува вселување во станбените објекти за којшто не е направен технички прием, реагирајќи на пријавен инцидент дека се откачил лифт со четири лица во него во зграда во оваа општина, а која што, како што вели, се уште не впишана во катастарот.
Богоев информираше дека по добивање на информацијата општинските служби излегле на терен и ќе има санкции за инвеститорот.
– Информацијата што ја имам јас е дека станарите пријавиле во полиција. Дискутабилно е дали може да се наречат станари бидејќи кога не е впишана зградата, немате имотен лист и нема технички прием е проблем и верувам дека полицијата и нашите инспекциски служби ќе преземат активности и ќе биде санкциониран пред се инвеститорот изведувачот бидејќи е недозволиво тоа да се прави, изјави Богоев, одговарајќи на новинарски прашања по присуството на предавање за сајбер бебзедност во општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“.
Како што дополни, знае дека тоа се прави секаде во државата и оти граѓани се вселуваат во објекти најчесто со лист за предбележување.
– Ја користам оваа прилика да ги предупредам и граѓаните и инвеститорите дека вселување во објект кој уште се води како градилиште и не е впишан во Катастар и нема технички прием е казниво со закон и ќе се казнува. Ваквите настани само ќе предизвикаат и ние и полицијата и Државниот градежен инспекторат да сме поприсутни на терен и да санкционираме, да не биде потоа дека инвеститорот или станарите не знаеле бидејќи имаат одговорност. Едноставно не можат да живеат во објект што не е ставен во функција, истакна Богоев.
Ново на Сител
-

Одличен настап на најмладите македонски кикбоксери во Унгарија – злато за Чавков, сребро за Илиев
-

Осум месеци зад решетки: Мадуро насмеан позира со знак за мир
-

Четири злата и едно сребро за Македонија – македонските кикбоксери со голем успех на Светскиот куп
-

Во Штип почнува да се нормализира водоснабдувањето
-

ЦУК: Активни седум пожари на отворен простор, изгаснати 16 во изминатото деноноќие
-

Во поплавите во Непал и Кина загинаа над 900 луѓе
-

Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло на УС опен
-

Превозниците на протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје

