-->
-->
„„Блиц“: Двајца македонски државјани меѓу загинатите во верижниот судар во Србија
-->
Двајца македонски државјани се меѓу загинатите во верижниот судар што се случи денеска на автопатот Белград - Ниш, на потегот меѓу градовите Ќуприја и Јагодина, објави српски „Блиц“.
Покрај македонските државјани, според пишувањето на „Блиц“ загинале и пет пет српски државјани.
Од македонското Министерство за надворешни работи за МИА изјавија дека од македонската амбасада во Белград засега немаат никаква официјална потврда од српското МВР за загинати македонски државјани.
Во сообраќајната несреќа, според информациите со кои располага српското Министерство за внатрешни работи, повредени се 27 лица кои се пренесени во болниците во Јагодина и Ќуприја.
Во сообраќајката учествувале 34 возила. Причина за несреќата е густата магла.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Велика Британија и Франција извршија напад врз локација на ИД во Сирија
-

Премиерот Мицкоски на отворање градинка во Сопиште
-

Мадуро префрлен во притворски центар во Њујорк
-

Сеул: Северна Кореја истрела балистички ракети кон Источното Море
-

Приемот на Бугарија во Еврозоната може да доведе до нова должничка криза по грчкиот пример
-

Облачно со локален дожд
-

Трамп: Ниту една нација во светот не може да го постигне она што Америка го постигна вчера
-

Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија
