Бизнис климата во земјава со оценка 5,4 на скала од еден до десет, оценува холандската деловна заедница

Просечната оценка за деловната клима во Северна Македонија е 5,4 на скала од еден до десет, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено меѓу холандската деловна заедница во земјава.
– Падот на глобалната економија, нарушените синџири на снабдување, зголемената инфлација и високите цени на енергијата се зголемена загриженост за бизнисите на кои им е тешко да го одржат работењето. Просечната оценка за деловната клима на скала од еден до десет е 5,4, додека средната стапка е многу слична на просечната и одговара на 5,5. Во споредба со резултатите од Бизнис анкетата 2020 година има подобрување од 1,1 поени или 20 проценти, се вели во истражувањето.
Седумдесет и еден отсто од испитаниците ги наведуваат релативно ниските оперативни трошоци како клучен фактор кој влијае на нивната одлука да го прошират своето присуство. Истиот процент од испитаниците ги идентификуваат политичкиот ризик и нестабилноста како клучен фактор што може да влијае на нивната одлука да го намалат нивното деловно присуство.
Педесет проценти од испитаниците укажуваат дека нивото на образование и обука на локално ангажираниот кадар е главен проблем при водењето бизнис, по што следат корупцијата, пристапот до финансии и недостатокот на достапен локален кадар.
– Иселувањето на квалификувани работници останува еден од најголемите предизвици на пазарот на трудот во оваа земја, бидејќи тоа од компаниите беше посочено како исклучително важна причина за недостаток на вештини, се наведува во истражувањето „Холандскиот бизнис во Северна Македонија: предизвици и перспективи“ чии резултати вчера ги презентираше холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Хоп.
Прашалникот на анкетата го пополниле 14 компании, а целта на истражувањето е подобра поддршка на холандските бизниси во справувањето со предизвиците при водење бизнис во Северна Македонија. Најголем дел од испитаниците се во секторот земјоделство/хортикултура, потоа ИКТ, производството, текстилот, трговијата и малопродажбата. Најголем дел од компаниите (60 проценти) се мали и средни претпријатија, а 29 проценти големи компании (со повеќе од 100 вработени).
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Нашата човечка големина не е во совршеноста и безгрешноста, туку во храброста да признаеме грешка
-

Максим Димитриевски до СДСМ: Внимавајте да не ви се јави и ЗНАМ 3.0 !
-

Кои се тројцата луѓе во светот што можат да патуваат без пасош?
-

Мицкоски разговараше со Рубио во Њујорк: Потврдена важноста на стратешкото партнерство и на континуираниот политички дијалог со САД
-

Поради промена на Судечкиот совет, судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“ почнува од почеток
-

Провалиле во над 10 куќи, украле злато, пари и оружје – од една извлекле и сеф тежок 400 килограми
-

Македонија официјално има Гинисов рекордер: Кристијан Бајовски направи 1.257 склекови за еден час со 9 кг тежина
-

Македонските кик-боксери ги дознаа противниците на Светското првенство во Италија
