„Битола Шекспир фестивал“ отворен со „Антоние и Клеопатра“

Претставата „Антоние и Клеопатра“ во режија на Џон Блондел и во изведба на Битолскиот театар синоќа, на отворањетото на третиот Интернационален театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“, наиде на особен прием кај публиката која ја награди со овации актерската екипа.
Делото на големиот англиски драматург првпат е преведено на македонски јазик од професорот Драги Михајловски, а пред многубројната публика во салата на Битолскиот театар сценски ја донесоа Петар Горко, Марјан Ѓoрѓиевски, Борче Ѓаковски, Викторија Степановска, Валентина Грамосили, Елена Моше, Соња Михајлова и Петар Спирковски.
Шекспир ja напишал oваа голема трагедија во 1606 година, како последна од низата четири трагедии што ии претходеле: Отело; Крал Лир и Макбет. Многумина, меѓу кои и самиот режисер Џон Блондел, ја сметаат „Антоние и Клеопатрa“ како најтешка драма, но истовремено и како највозвишено уметничко достигнување на Шекспир.
- Ми претставува огромно задоволство и чест да бидам режисер на првото поставување на оваа драма на македонски јазик, преку еден нов и моќен превод на неспоредливиот Драги Михајловски и на мое огромно одушевување, да соработувам со извонредните уметници од Народниот театар Битола, изјави Блондел.
Драматургот Билјана Крајчевска потенцира дека „Антоние и Клеопатра“ на Џон Блондел е изведба на промени со примамлив естетски концепт: во првата половина претставата е комедија, а вториот дел преминува во трагедија.
- Крајниот резултат и призор на сцената (кореографски, костимски, сценографски и музички) даваат силна драмска моќ. Да се чита Шекспир, да се режира, да се игра и да се гледа e животна философија, смета Крајчевска.
Вечер, на вториот ден на „Битола Шекспир фестивал“, ќе биде изведена претставата „Многу врева за ништо“ на Народното позориште од Сомбор, Србија, во режија на Ана Ѓорѓевиќ.
Битолскиот народен театар од денеска до 28 јули е домаќин и на работилница за развивање драмски текст инспириран од сонетите на Шекспир. Работилницата ја води професорот и шекспиролог Мартин Рандал од Канада.
Ново на Сител
-

Учениците од утре на настава - едносменска во 620 училишта
-

Големо намалување на цената на дизелот од полноќ, бензинот поскапува
-

51 инфлуенсер, луксузни хотели и забави: Ќерката на Орбан потрошила 8 милиони евра јавни пари за инфлуенсерска кампања
-

Бидете дел од новата сезона на Сител: Пријавете се за учество во „Се или Нешто“, „Брза Кујна“ или „Листа за 300“
-

ВМРО-ДПМНЕ воведува прв дигитален процес на зачленување
-

Од утре нови правила на Скопскиот аеродром: Само еднаш дневно ќе може бесплатно да влезете со автомобил
-

Вишото јавно обвинителство наложи продолжување на истрагата против Капушевски и Јахоски за случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра
-

3.000 евра казна за Србинот кој двапати возел над 160 км/ч кај Демир Капија
