Битиќи: Одлуката за дневната евтина тарифа треба да ја донесе регулаторот
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не прецизира кога ќе се врати дневната евтината тарифа на струјата за домаќинствата. Како што изјави денеска, одлуката за тоа треба да ја донесе регулаторот, а Владата е тука за да ги исполни сите неопходни предуслови.
Според Битиќи, состојбата во енергетскиот сектор внимателно се следи и се прават анализи, зашто, како што рече, периодот што следи е неизвесен, а претстои и нова зима.
-Имавме среќа што со сите капацитети овозможивме да ја поминеме претходната зима солидно добро, независно од големите буџетски издатоци за поддршка на енергетскиот систем и субвенционирање на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи. Бидејќи неизвесноста ни претстои, ние внимателно следиме, а одлуката секако е на Регулаторната комисија, не е ниту моја, ниту на некој министер. Ние ќе ги исполниме сите предуслови неопходни за да се врати тоа што сметаме дека граѓаните треба да го имаат. На крај, регулаторот е тој што кажува и за финалната цена, а јас најавив дека не очекувам поскапување и дополнително очекувам дека тоа што сме го најавиле околу евтината тарифа, во првиот момент кога регулаторот ќе каже дека тоа нема да нанесе штета, а секако за граѓаните ќе биде бенефит, тоа да го направиме, рече Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на новиот погон на американската компанија „Теламон“ во Инџиково.
На прашањето дали на Влада поминала цената на струјата со оглед дека до петок е тендерот на ЕВН Хоум, вицепремиерот уште еднаш кажа дека цената се одредува на затворена седница.
-Штом дојде финалната верзија, тогаш ќе биде соопштено, рече Битиќи.
Ново на Сител
-

Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Сиљановска-Давкова - Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции
-

79-годишник од Скопје допирал малолетна сосетка во својот дом
-

Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг
-

Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија
-

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани
-

Сиљановска-Давкова: Патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето
-

Велешанка била измамена со СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок
