Македонија
1. September 2022 - 16:28

Бислимовски: РКЕ штеди, дојдов на работа по скали а не со лифт, сакам да ja намалам тежината

РКЕ се придржува кон обврската за штедење на струја, рече денеска на прес конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Тој пред новинарите објасни дека се штеди и на осветлување и на климатизација а рече дека не го користел ниту лифтот.

-Јас се качував по скали, а не со лифт. Имам и проблеми се тежината, сакам да намалам, па користам скали, рече Бислимовски.

Како што објавивме, од денеска Македонија е во кризна енергетска состојба и стапуваат во сила владините мерки за штедење на струјата.