Бил Гејтс. Се зголемува опасноста од биотерористички напад

Се повеќе се зголемува можноста во светот да се случи биотерористички напад, кој од лицето на земјата би можел да избрише 30 милиони луѓе, предупреди најбогатиот човек на светот Бил Гејтс.
- Причината за се поголемата можност за ваков напад лежи во тоа што денес е многу полесно од кога и да е да се создадат или прошират смртоносни патогени, додаде Гејтс.
Како што објави британски „Телеграф“, основачот на „Мајкрософт“ изминатите месеци често во своите јавни настапи предупредува на фактот дека епидемијата на смртоносни респираторни вируси би била поопасна дури и од нуклеарно оружје.
Тој смета дека сега е поважно од кога и да е досега да им се помогне на државите во следење на болестите и спречување на глобалната трагедија.
- Биотероризмот е многу поголем ризик од пандемијата, рече Гејтс и додаде дека напредокот во биологијата довел до тоа терористите да можат полесно да создадат болести како смртоносни сипаници.
- Тоа би можело да предизвика смрт на десет милиони луѓе, а толкав голем број смртни случаи не би предизвикал ниту трагичен случај како напад со нуклеарно оружје. Така што најголем ризик би бил оној од природно предизвикана епидемија или намерно предизвикан биотерористички напад, рече Гејтс и додаде дека вирус, кој брзо се шири во воздухот би можел за една година да убие и повеќе од 30 милиони луѓе.
- Мораме сериозно да размислиме за тие ризици, додаде тој.
Гејтс напомена дека денешните патувања на луѓето низ светот би можеле да значат дека во иднина епидемиите би можеле да бидат уште посмртоносни и од шпанскиот грип во 1919 година, од кој тогаш починаа до сто милиони луѓе.
- Во следните 20 години ќе имаме епидемија многу полоша од таа што беше со вурусот на ебола или зика вирусот и постои шанса дека ќе биде во форма на грип, рече Гејтс, нагласувајќи дека „здравствена криза некаде, значи здравствена криза секаде“.
Ново на Сител
-

Царинска управа: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц
-

Над 230 основци од Скопје учествуваа на креативен и едукативен настан „Зеленикс – од предизвик до иновација”
-

Поради влажни коловози и одрони се препорачува внимателно возење во поширокиот дебарски регион
-

Три вида државна матура - гимназијалците ќе полагаат на 6 и 11 јуни, учениците од стручните и од уметничките училишта на 6 и 12 јуни
-

Сабаленка: Многу ми значи признанието „Лауреус“
-

Вембањама прогласен за одбранбен играч на годината во НБА за сезоната 2025/26
-

Фернандеш: Нашата цел е да завршиме меѓу првите четири екипи во Премиер лигата
-

Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет на УКИМ за нерегуларностите при упис на втор и трет циклус студии
