БиХ: МНР бара од Додик да го врати дипломатскиот пасош

Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина испратило барање до кабинетот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за враќање на неговиот дипломатски пасош, пренесува Анадолија.
Во дописот што вчера го потпишал министерот Елмедин Конаковиќ се наведува дека согласно член 9 од Правилникот за издавање дипломатски пасоши, „лице кое го изгубило својството врз основа на кое добило дипломатска патна исправа, е должно да ја врати во рок од 15 дена од престанокот на мандатот“.
Повикот е испратен врз основа на одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ од 6 август 2025 година, со која е утврден престанокот на мандатот на Додик.
Мандатот на Додик му беше одземен поради правосилна судска пресуда за неизвршување на одлуките на високиот меѓународен претставник во БиХ. Во јули тој беше осуден на една година затвор, што ја откупи со уплата од 18.700 евра (36.500 КМ), како и на шестгодишна забрана за политичко делување. Според пресудата, од 12 јуни тој ја изгуби функцијата претседател на Република Српска.
МИА
Ново на Сител
-

Владата подготвува можност за откуп на стаж
-

Сали: Се прават напори за усвојување на Изборниот законик
-

Купувајте домашно од мали земјоделски стопанства, не индустриски производи со сомнителен увозен квалитет
-

Околу 1300 интервенции на спасителите на вода ова лето
-

ИПР бара трајно решение за кучињата скитници
-

Преглед на вестите од светот
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
