Без една рака со стап пробува да го бутне дронот, последниот момент од животот на Синвар | ВИДЕО

Видео објавено на интернет го покажува последниот момент од животот на лидерот на милитантната група Хамас, Синвар. Без една рака облечен во елек, затрупан во урнатините на уништена зграда пробува да го бутне дронот фрлајќи стап, сугерира снимка од беспилотното летало која ја објави израелската војска, пишува „Гардијан“.
Во моментот кога била направена снимката, портпаролот на израелската војска Даниел Хагари кажал дека Синвар бил идентификуван само како борец кој се крие во зградата.
Војската потоа испукала дополнителна граната врз зградата, предизвикувајќи таа да се урне и да го убие, рече Хагари. Тој рече дека Синвар бил пронајден со панцир, гранати и со 40.000 шекели (околу 10.707 долари).
Според Хагари, Синвар сам побегнал во една од зградите.
Од друга страна, Хамас не го коментираше убиството на Синвар.
Како бил пронајден Синвар? Израелските власти тврдат дека го откриле пешадиски војници кои во средата пребарувале област во областа Тал Ел Султан во јужна Газа. Се сметало дека во областа се наоѓаат високи членови на Хамас.
Војниците виделе тројца осомничени милитанти како се движат меѓу зградите и отвориле оган, што довело до престрелка за време на која Синвар избегал во руинирана зграда.
Во последните месеци од својот живот, Синвар, главниот организатор на нападот на Израел на 7 октомври 2023 година, кој ја започна војната во Газа, се чини дека престанал да користи телефони и друга комуникациска опрема што би им овозможила на моќните израелски разузнавачки служби да го следат.
Израелските власти рекоа дека веруваат дека тој се криел во една од огромната мрежа на тунели што Хамас ги ископа под Газа, но како што се откриваат повеќе информации од израелските војници, дури и тунелите не биле гаранција за бегство од апсење.
Ново на Сител
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
-

Почнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала
-

Напади во повеќе земји на Блискиот Исток и покрај објавеното примирје
-

Инстант лоз „Мега милионер“ на Државна лотарија: милион причини и само еден инстант начин да станеш милионер!
-

Кривична за 27-годишник, во неговиот дом пронајдени 24 пакувања со марихуана и 13 пакувања со кокаин
-

Израел се придружува кон двонеделниот прекин на напади врз Иран, но Либан е исклучен од примирјето
-

Сиљановска-Давкова по повод 8 Април: Ромите историски и културно се неразделен дел од македонската држава и општество
