БЕСА очекува да има член на ДИК за локаланите избори

Движењето БЕСА очекува да има член на Државната изборна комисија (ДИК) на претстојните локални избори, во спротивно одлуките на Комисијата би биле нелегални и нелегитимни, изјави денеска пратеникот на БЕСА Фадил Зендели.
Пратеничките групи на владејачкото мнозинство и опозицијата денеска поднесоа измени на Изборниот законик, по скратена постапка, со кои се предвидува можност за разрешување на член на ДИК и пред истекот на неговиот мандат, со што ќе се овозможи БЕСА да добие член во ДИК.
- Ако влеземе во локалните избори со овој состав на ДИК, имаме член во ДИК кој е нелегален и нелегитимен и согласно тоа и одлуките на ДИК ќе бидат нелегални и нелегитимни. Очекуваме тоа да се направи сега пред локланите избори и составот на ДИК да биде согласно со законот, рече Зендели. Откако ќе бидат донесени измените, Собранието ќе распише оглас на кој ќе може да конкурираат потенцијалните кандидати за нов лен на ДИК.
Според информации од партијата БЕСА, најголеми шанси за член на ДИК има адвокатката Ермира Асани Салија, која е член на Централниот одбор на БЕСА.
Зендели во изјавата кажа дека поддршка за нивниот предлог побарале од сите пратенички групи и дека согласно измените најдоцна 30 дена пред одржување на изборите ДИК треба го рефлектира резултатот од последните парламентарни избори. Но, промените ќе можат да се направат и веднаш по изборите доколку е потребно.
Ново на Сител
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
-

Преглед на вестите од светот
