Свет
19. јуни 2016 - 9:23

Берлин планира граѓани од ЕУ да може да служат во германската армија

Германската Влада планира да дозволи во германската армија да може да служат и граѓани од други држави од Европската унија, обајви весникот Велт.

Отворањето на германската армија за граѓани од ЕУ не само што ќе придонесе за развивање на интернационалниот потенцијал и зацврстување на составот на армијата туку би бил и добар сигнал од гледна точка на европска перспектива се вели во т.н. Бела книга за прашања на политиката за национална безбедност.

Во документот се посочуваат и какви интереси треба да следи Германија на какви предизвици и со какви средства да одговара. Владата планира да ја анализира Белата книга пред почетокот на летните одмори.