Бела куќа: Се уште не е време за преговори со Северна Кореја
Невозможно е одржување преговори со Северна Кореја се додека земјата „значително не го подобри своето однесување“, изјави денеска портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
- Со оглед на најновата ракетна проба на Северна Кореја, јасно е дека во овој момент не е време за преговори, нагласи тој.
Вкавта изјава следи откако, вчера американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека САД се подготвени за разговори со Северна Кореја „без предуслови“, иако остануваат подготвени на сите средстав, вклучително и на воена акција, за да го убедат Пјонгјанг да се откаже од нуклеарната програма.
Како што јави МИА, изјавата шефот на американската дипломатија беше протолкувана како помек став на Вашингтон кон Пјонгјанг, но на неа северкорејскиот лидер Ким Џонг-ун одговори со ѕврдењето дека неговата држава ќе стане „најгoлема нуклеарна сила во светот“.
Ново на Сител
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
