Бектеши: Нема опасност ЕЗ да предложи санкции за земјава

Нема опасност Енергетската заедница (ЕЗ) да предложи санкции за земјава заради субвенционирањето на производството на електрична енергија од јаглен, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Ние имавме проблем со ЕЗ во минатото и беа отворени два спора кои ги надминавме со реформите кои ги спроведовме во текот на изминатите две години. Напротив, мислам дека сега ситуацијата е спротивна, имајќи во предвид дека има конкретни извештаи што се објавени од страна на ЕЗ во кои концизно се наведува дека Република Северна Македонија е шампион во регионот во реформите спроведени во енергетскиот сектор, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Тој нагласи дека и денешниот настан во Владата, на кој се промовира јавниот оглас за изградба на фотонапонска електрана со инсталирана моќ од 100 мегавати на просторот на поранешниот рудник за јаглен во Осломеј по пат на јавно-приватно партнерство покажува дека детално се спроведува новата стратегија за трансформација на енергетскиот сектор која е изработена во соработка со Секретаријатот на ЕЗ.
Секретаријатот на ЕЗ неодамна го предупреди регионот дека продолжува со субвенционирање на производство на електрична енергија од јаглен.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
