Македонија
7. October 2021 - 12:27

Бектеши: Аријант Џафери му се извини на Бислимовски, коалицијата не е загрозена

Крешник Бектеши министерот за економија од редовите на ДУИ денеска рече дека Аријант Џафери, синот на Муса Џафери, му се јавил за да му се извини на Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, за физичкиот напад над него во понеделникот во една од кафаните во Дебар Маало. - Значи вака, имав прилика да го гледам видеото и ги осудуваме ваквите случувања.

Бислимовски во разговор добил извинување и не е загрозена коалицијата. РКЕ е независна институција и тие одлучуваат во делот на исполнување на условите за лиценците, порача министерот.