Бекам мета на медиумите по објавените електронски пораки

Дејвид Бекам, поранешен капитен на англиската фудбалска репрезентација се најде на удар на медиумите по објавување на хакираните електронски пораки, во кои се доведува во прашање неговата добротворна работа.
За електронските пораки кои се објавени на сајтот Футбол ликс, портпаролката на Бекам рече дека се извадени од контекст и дека се изменети.
Портпаролката додаде дека приказната се заснова врз застарени материјали, кои намерно се претставени со цел да се направи погрешна слика за Бекам.
Меѓу објавените пораки е и неговата брза и вулгарна реакција кога дознал дека нема да ја добие титулата витез и размислувањето да не и донира пари на добротворната установа.
Многу таблоиди го пренесоа скандалот кој му се случи на поранешниот капитен, доведувајќи го во прашње неговиот имиџ, кој со години го создаваше. Весникот „Дејли мејл“ посвети четири страни за целото случување, но наведе дека во прашање е уцена со цел да се „оцрни“ херојот на фудбалот.
Многу лутина предизвика соработката на Бекам со програмата на УНИЦЕФ за добротворни цели за децата, каде се појавиле докази дека парите не ги давал доброволмно за добротворни цели и тоа дека наплатил лет кој не му бил потребен.
Ново на Сител
-

Андоновски: На 19 декември конференција за ИКТ Стратегијата СМАРТ/МК 2030
-

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
-

Приведен 44-годишен маж од Прилеп поради „тешка кражба“ во манастир во Неготино
-

Традиционален предновогодишен концерт на Воениот оркестар
-

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
-

Најстудено во Скопје, Битола и Берово, измерени - 6 степени
-

СДСМ денеска го бира новото раководство
-

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП
