-->
-->
Бејли: Партиите постигнаа договор за излез од кризата
-->

Претставниците на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на денешната нова рунда преговори постигнале договор, изјави амбасадорот Џес Бејли по завршувањето на средбата.
Партиите ги усогласија ставовите околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи да врши 15 смени на раководни функции и 10 % хоризонтално ниво.
Постигнат е договор околу избалансирано известување, избирачкиот список, и составот на преодната влада 100 дена пред изборите.
-Имаме добри вести, постигнат е договор. Партиите се согласија една година по договорот од Пржино да продолжи неговата имплементација. Преговарачките тимови се договорија Законот за внатрешни работи што го донесе Владата неодамна да биде суспендиран до 1 јануари 2017 година, а новиот министер да има можност да смени 15 раководни лица, иазјави американскиот амбасадор Џес Бејли.
Договорот е условен, доколку се исполни се она што денеска е договорено лидерите треба на 31 август да седнат и да го потврдат, доколку тоа е постигнато и во тој случај би имале избори на 11 декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
-

СДСМ нема да ги гласа измените на Законот за прекршоци за Сејф сити
