-->
-->
Барди во дебито за Леванте постигна гол
-->

Младиот македонски репрезентативец Енис Барди имаше „деби од соништата“ во дресот на својот нов тим шпанскиот Леванте, за кој уште на првиот одигран натпревар постигна гол.
Шпанскиот прволигаш во пријателски натпревар против Ла Нусија забележа убедлива победа со 5-0.
Барди се претстави во одлично издание и покажа дека ќе биде големо засилување за Леванте во новата сезона. Тој беше меѓу најдобрите поединци на теренот, а одличната игра ја круниса со голот, четвртиот на споменатиот меч за тимот од Валенсија.
Веднаш по погодокот тренерот на Леванте го повлече македонскиот плејмејкер од игра, но првиот впечаток е одличен, а за очекување е Барди да игра уште подобро штом се адаптира на новата средина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства
-

Карневалските свечености во Струмица годинава ќе започнат на 18 и ќе траат до 25 февруари
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
