ОН бараат 3,5 милијарди долари за сириските бегалци во Турција

Обединети нации денеска апелираа за донаци што ќе бидат наменети за финансирање на планот за помош на сириските бегалци во Турција во периодот 2017 и 2018 година.
ОН планира да собере приближно 3,5 милијарди долари. Апелот е испратен преку официјално претставување во Анкара на дел од планот за регионална помош за бегалците во Турција.
При претставувањето на заедничкиот план за регионална помош за бегалците во Хелсинки на 24 јануари ОН побара земјите донатори да соберат 4,6 милијарди долари за Турција, Либан, Јордан, Ирак и Египет.
За Турција, каде се сместени приближно 2,8 милиони сириски бегалци, од кои 300.000 се во државни кампови, а околи 2,45 милиони живеат меѓу турското население, се предвидени над 3,5 милијарди долари за две години. Средствата ќе бидат наменети како за бегалците, така и за локалните жители кои им помагаат на бегалците.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
