Бан: Бариерите нема да ја решат бегалската криза

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун оцени дека градењето бариери нема да ја реши бегалската криза во Европа и ги повика политичките лидери да ја следат германската канцеларка Ангела Меркел во борбата со актуелната криза, пренесува Танјуг.
Во интервјуто за весникот „Билд“ ,Бан Ки-мун нагласи дека „градењето на ѕидови, дискриминацијата или враќањето на луѓето не се одговор на проблемот“.
Бан исто така, го пофали „хуманото политичко водство“ на германската канцеларка во борбата со бегалската криза и ги повика останатите политичари да го следат нејзиниот пример.
Тој одби да ги коментира шпекулациите дека Меркел може да биде именувана за негов наследник на чело на ОН откако ќе истече неговиот втор мандат на 31 декември оваа година.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
