Балканот окован во лед, со денови екстремно ниски температури

Босна и Хецеговина и Хрватска и понатаму се под снег, мраз и ниски температури.
Училишниот распуст во Федерацијата Босна и Херцеговина продолжен е до 16 јануари, а издадени се и препораки за скратување на работното време каде што е можно.
Во Босна и Херцеговина најстудено било во Прача, каде се измерени дури минус 30 степени.
Реката Сава во БиХ е замрзаната, како и Јабланичко Езеро, додека во Мостар, еден од најтоплите градови, забележана е температура од минус 11 степени.
Според прогнозите на метеоролозите, поларниот студ ќе се задржи до четврток, 12 јануари. Повисоки температури се најавуваат во периодот од 12 до 25 јануари.
Тие денови се очекува подобрување на временските услови во Хрватска, но температурите и понатаму ќе бидат ниски и под просекот за оваа време на годината.
Силната бура и екстремниот студ го замрзна сливот на Неретва во Јадранско Море.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
