Балканот и делови од Европа зафатени од поларен студ

На планините во Босна и Херцеговина измерени се минус 27 степени Целзиусови, што е најниска температура на Балканот.
Студениот бран го зафати и брегот на Јадранско Море. Во хрватскиот град Сплит температурата на воздухот е минус седум степени, што е најниска во последните 50 години. Претходниот рекорд е од 23 јануари 1963 година, кога во Сплит се измерени минус девет степени.
Поради ниските температири и силните бури до полуостровот Свети Петар е замрзнато морето.
Во реонот на хрватското одморалиште Макарска веќе трет ден дува ветер со просечна брзина од 90 километри на час, а температурата се спушти до минус седум степени.
Ниски температури измерени се и во Грција. Во Солун утрово беше минус седум степени, а за утре се предвидува минус 10. Во Атина темературата е околу нула, а во северните делови на земјата измерени се минус 15 степени.
Во Турција снежните врнежи го блокираа Истанбул, околу 500 авионски летови се откажани поради лошите временски услови, а во прекин е и водниот сообраќај. Поради недоволна видливост денеска е запрено движењето на пловни објекти по Босфор.
Во текот на ноќта снежната покривка во Истанбул достигна до 40 сантиметри и предизвика хаос на патиштата.
Во Бугарија, во близина на границата со Турција пронајдени се телата на двајца илегални ирачки мигранти, кои смрзнале поради ниските температури.
Студениот бран ги зафати Полска, Белгија и Италија, каде се има и човечки жртви.
Вкупниот број на жртви во Полска, кои починале од хипотермија од 1. ноември се искачи на 53, а во последните два дена починаа десет лица. Во одредени делови на земјата температурата на воздухот се спушти до минуис 20.
Најмалку шест бездомници починаа од студ во Италија, а летовите се пренасочени, патиштата затворени, а железничкиот сообраќај е во прекин.
Граѓаните на Москва имаа најстуден Божик во последните 120 години, при што во текот на ноќта измерени се миунус 30. Во Санкт Петербург измерени се минус 24 степени, а полицијата пронајде тело на маж, кој замрзнал во текот на ноќта.
И Швајцарија е погодена од поларен студ. Во Давос измерени се минус 19, а во Берн минус 15,5 степени.
Во Белгија загина еден маж откако излетал од патот поради голомразица.
Во две села во Баварија синоќа температурата се спушти до минус 26, додека во Берлин измерени се минус 15.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
