Бајден со критики за „неверојатна неодговорност“ на Трамп
Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ја критикуваше „неверојатната неодговорност“ на Доналд Трамп, кој сепак одбива да го прифати резултатот од изборите на 3 ноември.
– Мислам дека (Американците) се сведоци на неверојатна неодговорност, крајно штетни пораки испратени до остатокот од светот за функционирањето на демократијата, изјави тој на прес-конференција во Вилмингтон.
– Убеден сум дека тој знае дека изгубил и дека јас ќе положам заклетва на 20 јануари, додаде Бајден.
– Она што тој го прави е скандалозно, рече демократот.
Во Вилмингтон, Делавер, Бајден истакна дека неговиот преоден тим ги нема сите потребни информации што треба да ги добие од разни агенции, па затоа „не сме во можност да се справиме со се, од тестирање до упатства за најважното прашање на дистрибуција на вакцините“.
Бајден покрена своја работна група фокусирана на создавање активен план за борба против пандемијата, но тој и неговите соработници велат дека неможноста за пристап до сегашното планирање во сојузната влада ќе го отежни одговорот на пандемијата кога Бајден ќе ја преземе функцијата во јануари.
Ново на Сител
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
-

Изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол
-

Јован Костадинов меѓу добитниците на наградата „Младинска храброст 2026“
-

Клековски: Се подготвуваме да потпишеме меморандум со СБ и ЕИБ и финансирањето на инвестициите во болниците во Штип, Тетово и Кичево
-

Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа
-

MHERO пристигнува во Македонија: Сила создадена без компромис
-

Автомобил излетал од патот во Ресен - две жени се тешко повредени
-

Негователка во градинка во Хром физички нападнала дете
