Бајден прогласи вонредна состојба во Кентаки
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа прогласи вонредна состојба во Кентаки, јавија американските медиуми.
Според последните информации, најмалку 70 лица го загубија животот во серијата од над 30 торнада шрто ја погодија оваа и уште четири други сојузни држави.
Бајден вчера нареди федералните ресурси да се насочат кон најпотребните локации, а претходно разговараше со гувернерите на петте погодени држави од невремето: Арканзас, Илиноис, Кентаки, Мисури и Тенеси, за да им изрази сочувство и да ја потврди посветеноста за брза испорака на помошта, соопшти Белата куќа, а пренесоа британските медиуми.
Во разорните бури што ги погодија американскиот Среден Запад и Југоисток, кои Бајден ги нарече „незамислива трагедија“, има повеќе мртви, а причинета е голема материјална штета.
Фабрика за свеќи и противпожарна станица во Кентаки, складиште на Амазон во државата Илиноис, каде што загинаа најмалку двајца работници, старечки дом во Мисури и многу други објекти и куќи се оштетени, наведуваат британските медиуми.
Гувернерот на Кентаки, Енди Башир, вчерашната прес-конференција изјави дека во оваа држава загинале најмалку 70 луѓе, а бројот на жртви можно е да биде и повеќе од стотина.
-Ова е најразорното торнадо во историјата на нашата држава, рече тој, додавајќи дека 40 од 110 работници досега се извлечени од една фабрика.
Бешир прогласи вонредна состојба, ја активираше Националната гарда на Кентаки и ја распореди државната полиција.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа

